Како што соопшти денеска гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, најпрво ќе бидат пуштени банкнотите од 500 денари, а потоа и оние од 10.
– Парите имаат природен циклус на искористување што ќе се земе предвид при пуштањето на новите банкноти, но ќе се води сметка и за потребата од пуштање нови пари – рече Анегеловска-Бежоска.
Одговорајќи на новинарско прашање, по презентацијата на пролетните макроекономски проекти, гувернерката истакна дека новите банкноти нема да бидат испишани и со албански јазик, но за тоа ќе има дополнителни консултации согласно законската и уставната рамка. Ангеловска-Бежовска потсети дека во моментов парите содржат симболи од албанската култура.