Два дена пред затворањето на зимскиот преоден рок, Пари Сен Жермен го објави привлекувањето на Леандро Парeдес. Полудефанзивецот пристигнува од Зенит за 40 милиони евра, а други 5 милиони се вклучени како клаузули при евентуални добри перформанси. Самиот Аргентинец пак потпиша договор до летото 2023 година. Во новиот клуб, тој ќе носи дресот со брoj 8.
Дваесет и четиригодишниот Паредес дојде во Зенит во 2017-та од Рома за 23 милиони евра. Аргентинецот брзо стана главна фигура во средниот ред на тимот од Санкт Петерсбург. Оваа сезона тој зеде учество во 15 натпревари во руската лига, во кои постигна 3 гола. Паредес реализираше еднаш и во Лигата на Европа.