Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по заминувањето од премиерскиот кабинет кусо потврди дека премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев денеска ќе се слушнат на телефон.
Во следните часови, според грчките медиуми ќе се оствари телефонскиот разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.
По средбата со Ципрас, што траеше околу час и половина, Коѕијас не сакаше да даде изјава за медиуми, но на новинарско прашање дали Ципрас и Заев ќе разговараат денеска, кусо рече:
– Ќе го направат тоа.
Toj додаде дека премиерите сами ќе соопштат што зборувале, пренесува „Иефимерида“.
Од македонската Влада за МИА претходно денеска изјавија дека во тек се консултацииа, а доколку дојде до разговор на премиерско ниво, јавноста веднаш ќе биде информирана.