Параглајдерист од Украина се повредил на Баба

253
20130502 Thursday 1418 Ohrid

Параглајдерист се повредил по пад врз карпа вчера попладне под врвот „Баба“ на планината Галичица.

Полициски службеници го пронашле лицето О.В.(37) од Украина, кој бил во контактибилна состојба. Тој рекол дека во непосредна близина на превојот на место викано „Баба“ паднал и се здобил со повреда на зглобот од десната нога и во пределот на половината.

Планинската спасувачка служба од Охрид го извлекла лицето, а екипа на Итна медицинска помош го пренела во болницата „Св. Еразмо“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. Тој е надвор од животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...