Папа Франциск: Оставете ги мобилните и разговарајте меѓу себе

Се прашувам дали вие, во вашите семејства знаете како да разговарате или сте како оние деца кои седат на маса и секое разговара на мобилен телефон… каде владее тишина како на миса и не постои разговор, истакна папата.

312
EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Папата Франциск ги повика денеска семејствата повеќе директно да разговараат, а помалку да комуницираат преку мобилни телефони.

Тој им се обрати на верниците на Плоштадот Свети Петар дека семејствата треба да го следат примерот на Исус, Марија и Јосиф, кои се „молеле, работеле и разговарале“.

– Се прашувам дали вие, во вашите семејства знаете како да разговарате или сте како оние деца кои седат на маса и секое разговара на мобилен телефон… каде владее тишина како на миса и не постои разговор, истакна папата.

Тој ги повика сите да се вратат на директни разговори во семејствата.

– Татковци, родители, деца, баби и дедовци, браќа и сестри, ова е задача која уште денеска треба да ја усвоите, нагласи поглаварот на Римокатоличката црква.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...