Папата Франциск: Чест ми е што ме напаѓаат Американците

192
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Папата Франциск во кус разговор со еден француски новинар изјави дека е почестен со критиките од страна на конзервативните католици во САД.

– За мене е чест што ме напаѓаат Американците – изјави папата пред Николас Сенез од католичкиот весник „Кроа“ кој напиша книга за тоа како САД сакаат да менуваат папи.

Кога Сенез во авион на пат кон Африка, му дал примерок од книгата, папата се пошегувал и рекол: „Ова ќе биде бомба“.

Сенез во книгата пишува за две кампањи кои ги иницирале американските католици, вознемирени поради иновациите на папата Франциск.

ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...