Папата Франциско во мај во Македонија

1143

Според глобалниот римокатолички интернет сервис Религион дигитал, Папата Франциско следнава пролет ќе ја посети Македонија во рамките на мини балканска турнеја при што ќе престојува и во Бугарија и Романија, објави Алсат.

Според првично планираното, поглаварот на римокатоличката црква, оваа турнеја ќе ја реализира меѓу 3 и 7 мај 2019 година.

Информацијата за оваа турнеја на папата, ексклузивно ја пренесе аргентинската агенција Телам за која потврда стигнало и од Ватикан.

Информации за посета на папата имаше и во периодот на референдумската кампања, но тогаш од Владата за Плусинфо демантираа дека не е точно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...