Во организација на папата Франциско, утре во Рим почнува самит посветен на спречувањето на сексуално злоставување во рамките на Католичката црква.
Целта на самитот е да се соберат католички верски лидери од целиот свет на обука, која ќе им помогне како да се носат со случаи на сексуално злоставување во кои е вмешано свештенството.
Многу католички лидери ширум светот продолжуваат да го штитат угледот на Црквата, негирајќи дека свештеници силуваат деца и ги дискредитираат жртвите, а и самиот папа признава дека направил слични грешки.
Меѓутоа, папата Франциско го смени мислењето и со себе ги поведе и останатите црковни великодостојници, кои ќе присуствуваат на овој вонреден самит.
На самитот ќе учествуваат околу 190 претседатели на бискупски конференции.
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI