Папата повика учесниците во Давос да се посветат на луѓето, а не на профитот

99
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Папата Франциск ги повика влијателните учесници на Светскиот економски форум во Давос во центарот на јавната политика да ги стават луѓето, а не профитот.

Во писмено обраќање, папата ги потсети делегатите на „моралната обврска во центарот на јавната политика да го стават човекот, а не само стремежот за власт или профит“.
– Форумот претставува сцена на која „политичката волја и меѓусебната соработка можат да бидат насочени и зајакнати за надминување на изолационизмот, индивидуализмот и идеолошката колонизација која, за жал, ја карактеризираат премногу современата дебата – вели папата Франциск.

Во Давос, папата е претставуван од кардинал од Ватикан.

ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...