Папата Франциск по свечената миса на плоштадот замина на ручек во католичката резиденција на Водно како гостин на скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монсињор Киро Стојанов.
По краткиот одмор, папата во 16 часот ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во католичката црква „Свето срце Исусово“, а потоа и со свештениците и нивните семејства.