Навивачите на грчкиот тим ПАОК за време на синоќешниот дуел во Солун против Спартак Москва, предизвикаа неколку инциденти кои многу веројатно нивниот тим ќе го чинат санкции од УЕФА.
Натпреварот беше од третото коло во квалификациите за Лигата на шампионите и заврши со победа на ПАОК од 3:2.
Првиот инцидент се случи кога руските новинари кои дојдоа да информираат за овој меч, беа нападнати на стадионот на влезот во прес-ложата.
Потоа за време на мечот се користеа ласери за попречување на гостинските фудбалери, а на една трибина беше истакнат и транспарент со порака дека Македонија е само грчка.
Се очекува за сите овие прекршоци ПАОК да биде пријавен кај Дисциплинската комисија при Европската фудбалска федерација.
ФОТО: Твитер