Панчо Минов излегува од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

2991

Пратеникот од редовите на ГРОМ кој е во коалиција во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во неговото вечерашно гостување во емисијата Тренд анализа на ТВ 24 Вести најави дека ќе го прекине неговото членување во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ако е точна информацијата дека од партијата на вечерашната седница на Централниот комитетет разрешени се потпретседателот Митко Јанчев и членот на ИК Костадин Богданов.

– Доколку е точна информацијата, јас ќе го прекинам моето членување во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ќе дејствувам само како пратеник на ГРОМ сѐ додека Христијан Мицкоски е претседател на паријата – изјави Минов.

Во секој момент од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се очекува и официјална потврда на вечерашните одлуки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...