Панчевски: Утрово како партал ме избркаа од канцеларијата во судот

1077

Поранешниот претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски, на вчерашната седница на Судскиот совет, беше суспендиран, а утрово тој се пожали дека бил избркан како партал иако сѐ уште не доби никакво известување.

„Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми. Така функционира овој криминален систем! Тоа е таа „благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати! Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска!“, напиша Панчевски на Фејсбук.

Против него има и постапка за нестручно и несовесно вршење на судската функција, која сè уште не е завршена.

Исто така, против Панчевски, обвинителството поднесе и обвинение за местење предмети кај подобни судии додека бил на чело на скопска единица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...