Како се делеле јавни набавки, колку пати и со која цел се менувале Годишните планови за јавни набaвки, кои се слабостите и последиците – ова се клучните прашања кои ги третира државниот ревизор во анализата „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на договорите за јавни набавки на ниво на ЈП на Град Скопје“, пишува неделната економска анализа на Порталб.
Направен е увид во вкупно 61 постапка за доделување на јавни набавки кај шест јавни претпријатија. Со ревизијата бил опфатен период од 2016 до 2018 година, но и периодот претходно кога биле склучувани договори кои предизвикале обврски во годините потоа. Раководствата на шесте јавни претпријатија доставиле вкупно 24 забелешки на ревизорскиот извештај, од нив 11 не биле прифатени, за 11 забелешки било оценето дека се известување, една забелешка е целосно а една делумно прифатена.
Се трошеле пари – а ефектите и целите од јавните набавки не се постигнале..
Се спроведувале како итни, со преговори во „четири очи“, а можело да се реализираат како редовни постапки за јавна набавка. Ова е една од клучните забелешки нотирана во ревизиорскиот извештај кој под лупа го става начинот на спроведување на јавните набавки од страна на шест јавни претпријатија формирани од Град Скопје во перидот од 2016 та до 2018 та година.
„Во моменти кога се иницирала постапката со преговарање со крајна итност, настаните биле итни, но со оглед на тоа дека истите се појавувале како континуиран или очекуван настан, можеле да бидат точно планирани и навреме започнати“, се наведува во ревизиорскиот извештај.
Ревизиорите обрнуваат внимание на две вредносно поголеми набавки кои ги презеле јавни претпријатија наложени од нивниот основач Град Скопје во 2014 та и 2016 та година.
Во јули 2014 та година меѓу ЈСП и градежна фирма склучен е договор во износ од 18,3 милиони евра за инвестиционо вложување во изградба на Панорамското тркало.
„До периодот на вршење на ревизијата, односно до април 2019 та по овој основ исплатен е значителен износ од 4,8 милиони евра за изградба на објектот. Во март 2019 та градоначалникот на Град Скопје по претходно доставено барање од ЈСП, донел Решение за измена на текот на градбата со кое објектот е пренамент во пешачки мост а бетонските столбови на кои требало да стои тркалото се урнати. Пренамената на објектот треба да претставува спасување на веќе инвестираните парични средства но треба да се има предвид дека на околу 50 метри веќе постојат два моста“, пишува во ревизиорскиот извештај.
Втората набавка што ја анлизираат ревизорите се однесува на детската вртелешка Карусел за што во јули 2016 та бил склучен договор меѓу ЈП Паркови и зеленило и фирмата – носител на набавката во износ од 200 000 евра.
„Набавката е реализирана во 2017 та година и истата година вртелешката е поставена во Луна паркот. Иста ваква набавка со ист правен субјект била спроведена во 2002 та година со вредност од 163 000 денари. На ревизијата не и се презентирани соодветни докази за потребата од оваа набавка во услови кога Град Скопје во последните неколку години иницира иградба на нов забавен парк со нови реквизити“, пишуваат ревизорите.
Тие констатираат дека и во двата случаи набавките не ги дале првично утврдените цели а биле потрошени значителни финансиски средства.
Слабости и пропусти при доделување на јавни набавки ..
Без спроведена постапка за јавна набавка, во 2017 та година, шесте јавни пртепријатија создале обврски во износ од 300 000 евра, главно за набвка на електрична енергија и за поштенски услуги. Според ревизорите проблемитични се набавките до 500 евра на месечно ниво кои не се опфатени за законските решенија за јавни набавки.
„Од спроведените испитувања дојдовме до заклучок дека сите ЈП, освен ЈП Комунална хигиена не с епридржувале до овој лимит, односно за овој вид на набавки потрошиле поголем износ од годишното ограничување поради различно толкување од член во законот“ – посочуваат ревизиорите.
Тие наведуваат дека од април 2019 та се зголемени вредносните прагови за набавките.
Во дел од слабостите и пропустите при доделување на јавните набавки, ревизијата меѓудругото констатира:
„Постојат набавки за кои не е спроведена постапка и не е склучен договор. Објавувањето на проценетата вредност во огласот не обезбедува конкурентност. Доделувањето на договорите за јавни набавки во кои учествува еден понудувач најчесто не ги дава очекуваните резултати во однос на начелата за доделување на договори за јавни набавки. Користење на најниска цена како единствен критериум за избор на најповолна понуда може неповолно да влијае врз квалитетот на стоките и услугите“, се наведува во извештајот.
Во 2016 та и 2017 та година во дури 54% од вкупниот борј на спроведени постапки е доставена понуда од само една фирма – понудувач а во 2018 та овој процент се намалува на 39%.
„Овие процентуални вредности се големи и укажуваат на отсуство на конкуренција во постапките“, заклучуваат ревизиорите.
Ревизијата ги анализира и податоците за тоа колку јавни набавки биле планирани на ниво на ЈП а колку од нив се реализирале, па така се заклучува дека сите шестјавни претпријатија не успеале да ги спроведат во целост планираните набавки.
„Во 2017 та година стапката на реализација на планот се движи од 57% кај ЈП Водовод и канализација до 72% кај ЈП Улици и патишта. Истакнуваме дека кај ЈСП ревизијата не беше во можност да ги утврди процентите на реализација поради начинот на евидентирање на постапките, но од 2019 та со законските измени, се очекува оваа состојба да биде надмината“, наведуваат ревизорите.
Во периодот од 2016 та до 2018 та година ревизорските наоди покажуваат дека не постои ЈП кои не направило промена на годишниот План за јавни набавки а во некои случаи измените се големи и финансиски значителни.