Пановска-Ставридис: Ја охрабруваме Антикорупциска да истражи и да ги затвори сите шпекулации за Хематологија

1321

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска отвори постапка во која ќе истражува дали в.д. директорката на Универзитетската клиника за хематологија, Ирина Пановска Ставридис ги прекршила законите при тeндерската постапка за набавка на лекови. Станува збор за тендер кој го добила фирмата „Д-р Пановски“, во сопственост на нејзиниот татко Златко Пановски.

– Целосно стоиме на располагање на Антикорупциската комисија. Ја охрабруваме во рамки на своите надлежности во најкус можен рок да ги испита сите околности и правни процедури во врска со јавните набавки. Добро е конечно да се затворат сите шпекулации за Клиниката за хематологија да престане да биде дел од дневно-политичките препукувања на партиите. За враќањето на довербата во јавното здравство неопходно е да не се доведуваат пациентите и понатаму во заблуда – изјави за Плусинфо директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска Ставридис.

Овој предмет е отворен по допрен глас, но имало претставка и од доктори кои во пријавата навеле дека Пановска унапредува свои луѓе на раководни позиции и дека ја имала поддршката од министерот Венко Филипче и од министерката Радмила Шеќеринска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...