Според најновите информации, во Кина преовладува паника, се појави недостиг на маски за лице, а граѓаните се обидуваат да се заштитат на секој можен начин.
Некои луѓе почнаа да ставаат пластични кеси и шишиња на главите,со мали дупки за да можат да дишат под нив.
Кинеската провинција Хубеи, од која се шири епидемијата на коронавирус низ целата земја и во странство, соопшти дека уште 25 пациенти починале во покраината и се пријавени уште 840 новозаболени.
Според последните податоци, 132 лица починале од коронавирусот во Кина. Во Кина има повеќе од 6.500 потврдени случаи на инфекција со коронавирус, што го надминува бројот на заразени со САРС во таа земја за време на епидемијата во 2003 година.
Cannot be more safe #coronavirus pic.twitter.com/EX4s2dDByx
— Geoff (@geofflo610) January 28, 2020
This women is taking protection to the next level. SHE’S WEARING A PLASTIC BAG OVER HER HEAD. Save yourself from the virus perhaps, but risk suffocation in the process… #china #coronavirus #CoronaOutbreak pic.twitter.com/Dcz4SsG0Ud
— Edward Lawrence (@EP_Lawrence) January 27, 2020