Во неколку градови ширум Германија, беа евакуирани градските собранија по дојави за поставени бомби, објави весникот „Билд“.
Евакуирани се собранијата во Аугсбург, во Кајзерслаутерн, во Шемниц, во Гетинген, во Нојнкирхен и во Рендсбург.
Германскиот весник наведува дека заканите биле испратени директно до адресите на градските собранија, а таа информација беше потврдена од страна на истражителите во неколку градови.
Се наведува дека засега нема докази за експлозивна направа во кој било од собранијата.