Дејан Панделевски не дојде да сведочи на денешното рочиште во „Рекет“, бил на службено патување, а не дојде и другиот сведок поради неуредна покана.
Поканата за Панделевски била доставена до неговото работно место од каде што информирале дека е на службен пат.
Судијката Васка Николовска Масевска го одложи судењето за следната недела кога се очекува да сведочат Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник, Дејан Панделевски, Сергеј Варошлија и други.
Првото рочиште следната недела ќе се оддржи на 3 март.
Рочиштето за „Рекет“ денеска доцнеше речиси еден час,, а како причина судијката го наведе доцнењето на спроведувањето на Катица Јанева од домашен притвор, за што се задолжени полицајци од Полициска станица Центар.