Пандев повторно стрелаше за победа

256
ФОТО: EPA/Alessandro Di Marco

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го постигна единствениот гол за Џенова на денешниот дуел со Каљари. Македонецот погоди во 43. минута со удар од 20-ина метри, момент што на крајот се покажа решавачки.

За Пандев ова беше шести гол оваа сезона, во која Џенова се бори за опстанок во елитата.

Во прилог на Џенова не оди победата на конкурентот за опстанок Лече кој ги освои бодовите на гостувањето кај Наполи. Во долниот дел на табелата СПАЛ е последен со 15, Бреша има 16, Џенова 19, Лече 22. зс

Резултати на попладневните средби од 23.коло во Серија А:
СПАЛ – Сасуоло 1:2
Бреша – Удинезе 1:1
Џенова – Каљари 1:0
Наполи – Лече 2:3.

Води Јувентус со 54 бода, пред Интер кој има 51 и Лацио 50.

ФОТО: EPA/Alessandro Di Marco

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...