Пандев: Ни престојат одлучувачки дуели со Словенија и со Полска

225
ФОТО: EPA/Alessandro Di Marco

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев смета дека двата натпревара од следниот прозорец во квалификациите за ЕУРО 2020 ќе бидат решавачки за пласманот во К-групата.

– Важен натпревар за нас. Извојувавме една рутинска победа. Заслужено освоивме три бода. По еден месец не очекуваат одлучувачките натпревари со Словенија и со Полска. Затоа сакавме да освоиме барем четири бода од овие две гостувања. Жалиме што не победивме во Израел, бидејќи имавме шанси – изјави Пандев.

Триесет и шест годишниот ветеран синоќа го постигна првиот гол во триумфот од 2:0.

ФОТО: EPA/Alessandro Di Marco

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...