Пандев асистираше на изедначувањето на Џенова против Наполи

196

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев одигра шеесетина минути синоќа против Наполи и има голема заслуга за подвигот на Џенова која остана непоразена и покрај тоа што еден час играше со фудбалер помалку.

Наполи прв дојде во водство преку Дрис Мертенс во 34.минута, изедначи Дарко Лазовиќ на асистенција од Пандев во третата минута од судиското надополнување.

Наполи со 64 бода се наоѓа на второто место на табелата во Серија А, 20 помалку од лидерот Јувентус на кого за да ја завери титулата му треба само бод во последните седум кола.

Џенова е 14. со 34 бода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...