Недељник – Белград
Мозокот е навистина една од најголемите мистерии на човечкото тело. Иако просечниот коефициент на интелегенција (IQ) се движи од 90 до 110, некои луѓе во историјата беа двапати интелигентни.
Десетмината кои можат да се наречат најголемите генијалци на човештвото, говорејќи барем според коефициентот на интелигенција, се следниве:
1. Вилијам Џејмс Сидис – Роден е во САД во 1898 година и се смета за човек со најголем коефициент на интелигенција во историјата.
Имал големи способности во математиката и лингвистиката, но подоцна избегнувал математички загатки. Уште на 11 години се зашишал на Харвард, а неговиот коефициент на интелигенција бил 250.
2. Теренс Тао – Коефициентот на интелигенција на овој математичар со австралиско-американски потекло, се движи помеѓу 220 и 230.
На факултет тргнал кога имал само девет години, а на 20 станува доктор на науки на Принстон. До 24 години, објавил дури 230 научни трудови
3. Кристофер Хирата – Кога имал само 13 години, освоил златен медал по физика на Меѓународната олимпијада.
На 22 години го добива звањето доктор на науки, а денес работи во НАСА на проект, чија мисија е услови за живот на Марс. Неговиот IQ е 225.
4. Ким Унг Jонг – Коефициентот на интелигенција му е 210. Тој прозборел во шестиот месец од животот, а веќе на три години читал текстови на три јазици: јапонски, англиски и германски.
Во осмата година НАСА го поканила да студира во САД, а кога имал 14, на телевизија решавал сложени математички задачи.
5. Гари Каспаров – На овој шаховски гениј коефициентот на интелигенција му е 190.
На 22 години стана најмладиот шаховски првак во светот. Во последните години, тој го напушти шахот да се посвети на политиката
6. Мерилин вос Саван – Има ист коефициент на ителигенција како и Гари Каспаров.
Таа е колумнистка во американскиот магазин „Парејд“, а позната е по тоа што едно време го држеше Гинисовиот рекорд како сопственичка на највисок коефициентот на интелигенција .
7. Леонардо да Винчи – Познатиот италијански уметник е роден во 1452 година. Вистински визионер, живеел векови пред своето време.
Бил заинтересиран за бројни области – од математика, географија и архитектура до музика, сликарство и литература. Имал IQ од 180 до 190.
8. Џудит Полгар – Оваа дама има IQ 170. Таа е од Унгарија и е една од најпознатите шахистки во историјата.
Победила многу велемајстори, седум пати ја примила наградата Шаховски оскар, а избрана е за шахистка на векот.
9. Алберт Ајнштајн – Добитникот на Нобеловата награда имал коефициент на интелигенција, кој се движел меѓу 160 и 190, и е познат по тоа што ја формулирал општата и специјалната теорија на релативноста, со која воведе револуција во модерната физика.
Тој бил толку интелигентен што по неговата смрт, научниците сакаа да го истражуваат мозокот на овој гениј, но тајната на неговиот брилијантен ум остана вечна мистерија.
10. Стивен Хокинг – Овој британски теоретски физичар имаше IQ 160. Неговите научни достигнувања не можеше да ги помати дури ни сериозната болест.