„Паметна“ и „Хидропонична градина“ – проекти на кумановски ученици поддржани од ФИТР

143

Учениците од основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово ги презентираа проектите „Хидропонична градина“ и „Паметна градина“, поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на програмите за млади – „Предизвик за млади истражувачи 1“ и АПШИФТ, која се имплементира во соработка со УНИЦЕФ и СИД Хаб.

Проектот „Хидропонична градина“ работи на безпочвено одгледување на растенија, со збогатена вода со хранливи материи и има за цел да обезбеди производство на поздрави растенија и нивен побрз раст, доека проектот „Паметна градина“ нуди одгледување на растенијата со примена на паметна технологија и сензори што треба да придонесе кон поефикасно производство и генерирање профит кој би се вложил во пошироката заедница.

– Навистина импресионира ова што го видовме овде, како и овие млади луѓе кои ја заслужуваат нашата поддршка. Нивните резултати се уште еден доказ и аргумент повеќе за нас да се бориме да обезбедиме што повеќе средства токму за овие деца. Нашата порака е дека стоиме зад нив, и Фондот, и Владата, и општината – и ќе ги поддржуваме нивните иницијативи. Целта е да се развие критичкото и креативното размислување во оваа фаза, а понатаму да зборуваме за формирање на сопствени бизниси. Клучната цел е овие млади луѓе да ја препознаат земјава како место за живеење, а не да заминуваат. Да сфатат дека оваа држава и ова општество сега веќе нуди можности за сите нивни идеи и проекти за подобар живот токму тука – рече директорот на Фондот, Јован Деспотовски.

Тој доде дека ова се едни од најдобро вложените средства и најави нови програми за поддршка на младите меѓу кои и концептот  „Фонд за млади умови“ на ФИТР кој треба да опфати спојување на веќе постоечки успешни иницијативи, како и да понуди нови мерки на поддршка за поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемништвото кај младите и унапредување на талентите кај децата.

Директорот на училиштетот „Крсте Мисирков“, Александар Јовановиќ нагласи дека успешноста на ваквите проекти се должи исклучиво на добрата тимска работа и истакна дека е гордост да се има вакви креативни и иновативни ученици и наставници кои иницираат и работат на реализација на научно-истражувачки и иновативни проекти. На овие проекти работат 20 деца под менторство на професорите, Емилија Поп Глигорова и Бобан Поповски.

Училиштето „Крсте Мисирков“ од Куманово е едно од 54 основни и средни училишта кои реализират проекти за истражување подржани од ФИТР. Само во изминатите 18 месеци Фондот вложи над 16 милиони денари во различни програми  и иницијативи наменети за поддршка на младите, во кои се вклучени над 500 деца.

Третиот по ред повик за „Предизвик за млади истражувачи“ е планирано да се распише следната година, додека за програмата за социјално претприемништво UPSHIFT, во тек е периодот на аплицирање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...