Памела е дури 19 години постара од францускиот фудбалер, но тоа не ги спречило две години да бидат во љубовна врска. Се зборуваше дури дека ќе се венчаат, но потоа сѐ пукна преку ноќ.
Американската актерка преку Инстаграм откри дека го оставила Рами, бидејќи ја изневерувал, а фудбалерот дури го нарече „чудовиште“. Се испостави дека водел двоен живот и тоа жестоко му се одби од главата.
„Се шегуваше со други играчи кои имаа девојки кои живеаа блиску до нивните жени. Ги нарекуваше тие луѓе чудовиште, но ова е полошо. Како можел да контролира две женски срца и умови. Тој е чудовиште“, порача Андерсон.
Меѓутоа, таа не му останала должна и пронашла начин како да му се одмазди.
Сѐ она што Рами ѝ го направил на Памела жестоко му се вратило. Имено, сонот на фудбалерот бил да живее во Лос Анџелес и тука сакал да ја продолжи својата кариера. Наводно, потписот за еден од клубовите од Лос Анџелес бил договорен, но сѐ пропаднало.
Американските медиуми пренесуваат дека Памела разговарала со челниците на МЛС клубот и ги убедила дека е тотално промашување ако го донесат Рами, па им раскажала за каков човек станува збор. На крајот, Рами останал без ангажманот во Америка па засега ќе остане во Марсеј со кој има договор до 2021 година.
FOTO: Instagram/Printskrin