Памела Андерсон бара помош од Путин за ослободување на китови

488
ФОТО: EPA / Maxim Shipenkov, Profimedia

Холивудската актерка Памела Андерсон напиша отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин, во кое бара ослободување на китови заробени во близина на Нахотка во Приморскиот крај.

Андерсон, која е член на Советодавниот одбор на Меѓународниот фонд за благосостојба на животните (IFAW) го објави писмото на официјалната веб-страница на фондацијата со своето име.

– Ви пишувам во врска со китови, од кои 11 орки и 87 белуги, кои моментално се заробени во близина на Нахотка. Сакам и да се заблагодарам на руската Влада што превзема важни мерки за спречување на меѓународна продажба на вакви китови. Информирана сум оти Владата преземала иницијатива да ги ослободи овие величанствени битија и да ги врати во нивните води – напиша актерката.

Претходно во јавноста имаше информации дека китовите се незаконски фатени заради продажба во Кина и оти се чуваат во посебен центар.

ФОТО: EPA / Maxim Shipenkov, Profimedia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...