Палмер: САД го гледаат Западен Балкан во ЕУ, а освен Србија, и во НАТО

580

Политиката на САД кон Западен Балкан е фокусирана и посветена на помош на земјите од регионот во остварување на нивните цели за приклучување кон европските и евроатлантските институции, изјави вршителот на должноста американски заменик помошник државен секретар Метју Палмер.

– Тоа за сите земји од Западен Балкан на крајот значи членство во ЕУ. За сите балкански земји, освен за Србија, тоа значи и членство во НАТО – истакнува Палмер во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“.

Тој нагласува дека САД се обидуваат да им дадат простор на Белград и Приштина за постигнување „најдобар можен договор“.

– Она што сакаме да го видиме е сеопфатен, локален договор, кој ќе доведе до напредок. Она што се обидуваме да направиме е да им дадеме простор на двете страни да усогласат најдобар можен договор што можат да го постигнат. Нешто што ќе биде фер, нешто што е трајно, нешто што може да се „продаде“ и во Србија и во Косово – наведува Палмер.

Тој оценува дека српските и косовските лидери треба се да им објаснат на своите народи, со цел да ја добијат неопходната поддршка за таквиот договор.

– Верувам дека ако Приштина и Белград бидат во можност да постигнат договор за целосна нормализација на одностие, тоа ќе го намали влијанието на Москва врз Србија – истакнува Палмер во интервјуто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...