Палмер и Бејли во Кавадарци се сретнаа со Јанчев

455

Градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев оствари средба со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, и со амбасадорот Џес Бејли.

– Ова е втора посета на амбасадорот на САД во општина Кавадарци во изминатите неколку месеци, а прва посета на Метју Палмер, политичар од највисок ранг што ја посетил кавадаречката локална самоуправа – велат од општинската прес-служба за средбата што ја имал градоначалникот на Кавадарци кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму информираат дека на средбата се разговарало за актуелните политички теми и за развојот на Општина Кавадарци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...