Пак за „бојкотирачите“

683

На митинг во Дебар, сегашниот премиер Зоран Заев рекол дека секој што го бојкотирал претстојниот референдум бил „противник на дражавата“. Претпоставувам дека е тоа некоја сугестија на неговиот ПИ-АР тим кој, во потрага по афористички формули кои брзо легнуваат во меморијата на митинг-публиката за предизвикаат изблик на воодушевување, дошла до тој „противник“. Не ја исклучувам ни можноста дека до неа дошол и самиот Заев под притисок на зборовите кои, во такви околности, често знаат да ве „понесат.“

Читам, во некои портали на социјалните мрежи, дека таа формула на премиерот Заев била „скандалозна и навредувачка“ за македонскиот народ. Што се однесува до мене, не сум претерано среќен што Заев со послужил со таа формула. Не сум, затоа што има еден видлив јакобински призвук. Јакобинците, главни политички играчи во времето на француската револуција од 1789 го исфрлија геслото: „нема слобода за непријателите на слободата“. Тоа гесло доведе до годините на масовен терор, затоа што зборовите се не само повик на акција, туку тие се и „иницијација“ на акција.

Да се препознае некој како „противник на државата“ тоа значи да се стигматизира како антидржавен елемент. Тој елемент треба, благо речено, да да се победи затоа што го загроузува успехот на претстојниот референдум или, уште поблаго речено, да се поттикне да излерзе и да гласа на тој референдум, односно да го напушти ровот на „бојкотирачите“. Строго земено, тоа значи да се прогласи за „непријател на државата“ за кој нема слобода, сосем во духот на јакобинската формула „нема слобода за непријателите слободата.“

Веќе напишав, се надевам доволно јасно и образложено, дека многу фактори решаваат дали некој ќе излезе или не да гласа. Или да „апстинира“, како што вели сега водачот на опозицијата Мицковски кој, од многу причини го замени зборот „бојкот“ со зборот „апстиненција“. Нема да се претера ако се рече дека има толку различни „бојкотирачи“ колку што има и различни побуди со кои го правдаат, барем во своите очи, својот наум да бојкотираат.

Меѓу нив јас разликувам две големи групи.

Едни кои го прават тоа од човечки, дури „премногу човечки побуди“ (Ниче), кои тешко можат да се наречат „противници на дражавата“. Меѓу нив секако има многу кои никако не можат да се помират со придавката „северна“ затоа што таа придавка ја отсекува сегашна, грчка Македонија (по Втората балканска војна од 1913 год.), од „целокупна Македонија, која ама баш никогаш во историјата не била држава. Призната држава како членка на ООН, макар по рдеференцата „Поранешна југословенска…“ Таа придавка тура рака сол врз отворена рана во нивната душа, а пак тоа пеколно боли. Можеби некој лек за таа отоворена држава, кои во граѓанската војна во Грција беа прогнати од нивните огништа и растурени по земјите на Источна Европа е слободата да ги посетат своите спалени села, како што мисли и препореачува филозофот-писател Кица Колбе, во својата учена книга „Егејци“. Иако и тој лек, како палијатив, има краткотрајно дејство. Иако како палијатив не ја отстранува причината на болката, туку само ја ублажува. И тоа на краток рок.

Во другата голема група „бојкотирачи“ спаѓаат оние кои во деценискиот автократски режим на пастир Никола Груевски дошле до некои мали или големи повластици, до нешто или многу пари, до малку или многу власт.. А власта, како што одамна се знае, освен пари и привилегии, носи и слава. Од славата, исто така, добро се живее како и од лебот наш наслушен. Особено тогаш кога човек тешко или воопшто не доаѓа углед и слава со помош на својата професија. Освен тоа власта е силен наркотик, стопати посилен од оној “опиум за народот“ за кој многу зборуваше таткото на доктрината дијалектички материјализа Карл Маркс. Таа проклета власт е не само наркотик туку и брзо расипува (корумпира) и на таа корумција никој не е имун. Мотивот на тие „бојкотирачи“ е очигледно ќарот кој го губат со падот на автократијата на Груевски. Ако ништо друго, оној што се нашол на зијан со доаѓањето на демократска власт, тешко може да се помири со таа „проста и строга вистина“ (Конески) и затоа попрво ќе се најде во таборот на „бојкотирачите“ отколку во таборот на оние кои ќе излезат да гласаат и, со тоа, не само што ќе одобрат еден „штетен“ според Иванов, а „капитулантски“ според Мицковски Договор со Грција, туку, згора на тоа, и ќе ја зацврстат власта на оној (Заев) што им ја одзел можноста да дојдат до „лесна парица“, мала или голема, сеедно но и до углед и слава како во своите, така и во очите на многу други.

И едните и другите тешко можат да се осудуваат. Уште помалку да се стигматизирааат како „противници на државата.“ Наполно сум уверем дека Заев го рекол тоа заради – ефект. Ама, од друга страна зборовите потпалуваат како оган. А огнот е, било материјален (шумски пожар), било духовен (оној што буди страсти) добар слуга и лош господар. Туку. кој може да ги контролира, па така и Заев, своите зборови? Особено тогаш кога имате пред себеси голема публика која ве слуша како поп во црква, кога гледате восхит во нивните очи кои ве подбуцнува да разбудите уште поголем восхит.

Иако тешко се излегува на крај со зборовите, иако тие понесуват кога вие гледате дека секавично се лепат за оние што ве слушаат, треба многу, многу да се внимава со нив. Треба, затоа што брзо станувате зависник од своите зборови. Затоа што тие ве опиваат и заспиваат како оној „опиум“ на Маркс. Затоа што ве покорува., Затоа што ве претворат во слуга. Да речеме дека премиерот имал само лош ден во Дебар. Како и секој жив човек под капата небеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...