Пакт на смртта: Алис Купер се договорил со сопругата да умрат во ист ден

Шокантниот план се однесува на смртта на кој било од нив двајца, а музичарот навел дека причината за тоа е што не можат да преживеат еден без друг.

1493

Познатиот рок-музичар Алис Купер откри дека со својата сопруга Шерил Годард има склчено „пакт на смртта“, според кој, кога ќе дојде време, ќе го напуштат овој свет заедно.

Шокантниот план се однесува на смртта на кој било од нив двајца, а музичарот навел дека причината за тоа е што не можат да преживеат еден без друг.

– Не би можел да живеам без неа. Секогаш сме зборувале дека никогаш нема да дојде времето кога еден од нас ќе жали по другиот. Кога и да се случи тоа, заедно ќе заминеме – рекол рокерот.

Тие двајца во брак се 43 години, а се вљубиле кога Шерли почнала да танцува на неговите настапи во 1975 година. Алис секогаш истакнувал дека Шерли е неговата најдобра пријателка.

– Оженете ја девојката во која сте вљубени. Тоа е важна работа. Немојте да се ожените со девојка која само ја сакате. Ние никогаш не се караме и никогаш не сме се изневериле меѓусебно. Сè уште сме совршена двојка – изјавил музичарот.
Двојката се венчала во 1976 година и имаат три деца – ќерките Калицао (38) и Сонора (27) и синот Дашиело (34).

Во оваа прилика Алис открил и дека во 1970 година престанал да консумира кокаин кога сфатил дека повеќето од неговите пријатели не преживеале поради користењето на дрогата.

– Живеев во периодот на големиот кокаински метеж. Не познавав ниту една личност која не го консумираше. Преживеав, но многу од моите пријатели не преживеаа – изјавил тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...