Пакет со бомба го затвори граничниот премин „Обрежје”

220

Веќе неколку часа поради сомнителен пакет е затворен меѓународниот граничен премин „Обрежје” на хрватско-словенечката граница. Според првичните информации се работи за откриен пакет, што откако бил прегледан на скенер, полицијата се посомневала дека е бомба, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Лицето кое сакало да го пренесе пакетот веднаш е приведено, а на граничниот премин се повикани специјализирани екипи од словенечкото Министерство за внатрешни работи да го прегледаат пакетот и да утврдат за што точно се работи.

Според локалните медиуми во овие моменти граничниот премин е затворен во двата правци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...