Пакетот социјални програми ќе стартува од 1 јануари

287

Владата ја усвои Програмата за остварување на социјалната заштита за 2019, како и одредбата Програмата да отпочне да се применува од 1 јануари 2019 година.

Владата ја донесе и Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица, за 2019 година.

Во пакетот социјални програми на Министерството за труд и социјална политика, Владата вечерва ги усвои и Програмата за развој на дејноста за заштитата на децата за 2019 година, Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2019 година, како и Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2019 година.

Овие програми се усвоени на оваа седница бидејќи на нив им претходеше неопходното усвојување на Буџетот на Република Македонија за 2019 година, за да можат да се реализираат веднаш со првиот ден од новата година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...