На автопатот „Мајка Тереза“, кој е дел од европскиот коридор никна сезонски пазар.
На самата коловозна лента на автопатот кој започнува кај клучката кај Миладиновци, поминува по обиколницата кај Скопје, па потоа го поврзува Тетово и завршува кај Гостивар, поточно во неговиот „западен“ дел, „Мајка Тереза“ од автопат се претворила во пазар за лубеници и дињи.
Клучен момент е прашањето за опасноста по безбедноста на учесниците во сообраќајот, кога буквално на самата лента за возила, „истурено“ е поставена тезга за сезонско овошје, а продавачот седи под ладната сенка на сонцобранот.