Во австралискиот јужен Квинсленд падна снег што е невообичаена појава за оваа област, инфромираат австралиските медиуми.
Според, австралиски Њуз, снегулки се забележале во регионот Гранит Белт во Квинсленд, западно од Бризбејн и во Еуки, јужно од Станторп каде што температурата се спуштила на минус 4,1 степен.
Граѓаните изненадени од оваа појава споделуваат видеа на твитер.
Snow ❄️ flurries at Eukey on the Granite Belt early today. A cold front bringing wintry conditions across Southern Qld. @abcnews @abcbrisbane
Thanks to @KenKato6 for the video. pic.twitter.com/3noERly2Bm— Shelley Lloyd (@shelleymlloyd) June 3, 2019
Државниот хидрометеоролошки завод објави дека снегот е многу ретка појава во Квинсленд и дека последен пат паднал во 2015 година.
Снежна покривка има и во југоисточна Австралија, во Нов Јужен Велс.