Падна и понуда за брак на „Лешочки фолк фест 2019“

Вокалот Сашо Костадиновски се обрати пред публиката по што јавно за сопруга ја побара својата девојка Даниела Спасеновска. Сашо, според вообичаениот ритуал, извади прстен и клекна на едно колено пред девојката прашувајќи ја: Дали ќе се омажиш за мене. Одговорот на Даниела беше-да.

458

Откако заврши настапот на триото „Кладенец“ на „Лешочки фолк фест 2019“, вокалот Сашо Костадиновски се обрати пред публиката по што јавно за сопруга ја побара својата девојка Даниела Спасеновска. Сашо, според вообичаениот ритуал, извади прстен и клекна на едно колено пред девојката прашувајќи ја: Дали ќе се омажиш за мене. Одговорот на Даниела беше-да.

Триото „Кладенец“ беа едни од изведувачите кои на фолклорниот фестивал во Лешок изведоа свадбарски песни, а нивната беше насловена „Свадба најубава“.

– Песната е посветена на мојата љубов и за мојот кум. Со таа песна ја крунисуваме нашата љубов, изјави Сашо Костадиновски.

Фестивалот е со ревијален карактер и беа изведени 20-тина фестивалски хитови со свадбарска, љубовна, лирска, печалбарска и родољубива тематика. Традиционално „Лешочки фолк фест “се одржува во дворот на манастирскиот комплекс Свети Атанасиј во Лешок секој 27 Август во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богодорица кога местото е масовно посетено поради црковно-народниот собир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...