Падна плафон на просторија во секторот за патен сообраќај во Министерството за транспорт

Во тек е санација на кровната конструкција, велат од Транспорт.

806

Падна плафонот на една од просториите на Секторот за патен сообраќај на Министерството за транспорт и врски во зградата на Музичкото училиште „Илија Николовски Луј“. За среќа хаваријата се случила за време на викендот па нема повредени вработните ниту пак е направен штета на документацијата.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека плафонот паднал во една од санитарните простории која се наоѓа под средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ каде што неколку денови имало дефект на водоводната инсталација  во  училиштето.

-Не е направена материјална штета во однос на документацијата што ја води Секторот за патен сообраќај – додаваат од Министерството за транспорт.

Оттаму појаснуваат и дека веднаш е реагирано и е побарано од Службата за општи и заеднички работи при Влада на Република Македонија да биде саниран дефектот.

– Во тек е санација на кровната конструкција – велат од Транспорт.

Плафонот инаку бил изработен од гипс картон, а на него течела вода неколку денови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...