Девет лица загинаа при пад на мал туристички авион во северниот дел од Шведска, соопштија локаните власти.
„Сите девет лица, колку што имало во авионот, загинаа во несреќата“, изјави портпаролката, не наведувајќи го идентитетот на жртвите.
Медиумите пренесоа дека авионот превезувал падобранци и дека несреќата се случила околу 14 часот.
Причините за несреќата засега не се познати.