Павлопулос: Прво уставна ревизија, потоа членство во НАТО и ЕУ за ПЈРМ

563
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

За интеграција на ПЈРМ во НАТО и ЕУ потребно е решение на името, за што предуслови се уставна ревизија и елиминирање на иредентизмот, рече претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, во неговото обраќање откако беше прогласен за почесен граѓанин на општина Пеонија.

– Постои еден начин за да оди напред интеграцијата на ПЈРМ во НАТО и ЕУ. Прво, претходна ревизија на нејзиниот Устав, нешто што го сигнализира почитувањето што Грција, Европската унија и на НАТО го покажуваат кон нејзиниот правен поредок и владеењето на правото во целост – рече Павлопулос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот претседател говорејќи за 100-годишнината од победата на Грција во битката кај Скра, Кукуш, но и за битките на Грците за време на Балканските војни, рече дека битките, „од една страна конечно и непобитно го документираа грчкиот карактер на Македонија, а од друга страна ја исмејаа секоја невкусна спротивна пропаганда”.

Пораката на грчкиот претседател доаѓа на помалку од 24 часа по новата рунда разговори на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц и официјално закажаната средба на двајцата премиери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...