Како што јави дописничката на МИА од Атина, на свечениот ручек во негова чест, приреден од началникот на Третиот армиски корпус, Павлопулос се осврна и на т.н. грчки национални прашања, а меѓу нив и спорот со името.
-Нашата соседна земја треба да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а пред сѐ во нејзиниот Устав. И навистина, ја презедоа оваа обврска. Според тоа, очекуваме да ја исполни. Само кога конечно ќе заврши целиот овој процес и штом се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе може да постои покана за членство во НАТО, како и каков било почеток на разговори, во однос на пристапниот процес на ПЈРМ кон Европската унија. Исто така, само тогаш ќе може да се финализира и содржината и според меѓународното право, правилното толкување на Договорот меѓу Грција и ПЈРМ за да дојде за ратификација во грчкиот парламент – рече Павлопулос.
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC