Павлопулос не признава нација, туку само државјанството од Договорот?

982
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, според пишувањата на „Екатимерини“, наводно се спротивставил на членот 36, кој ги содржи референците за македонскиот „народ и идентитет“ и потребата да се заштити македонскиот „народ“ што живее надвор од земјата.

„Владата на ПЈРМ во петокот достави нацрт-уставни амандмани до Парламентот, со кои формално ќе ја преименува земјата во „Северна Македонија“ по договорот за името потпишан со Грција. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, наводно, изразил резервираност за членот кој се однесува на делот за македонскиот народ“, пишува „Екатемерини“.

Павлопулос инсистира на тоа дека ПЈРМ мора да даде писмена обврска дека Договорот за името потпишан во јуни не ја признава македонската нација, туку државјанството.

Според весникот, премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, го претставил предлогот на прес-конференција по состанокот на неговиот кабинет и кажал дека нема ништо спорно во четирите предложени измени кои биле во согласност со меѓународните стандарди.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...