Лидерот на Нова демократија, партијата победник на вчерашните избори, од претседателот на Грција го доби мандатот за формирање влада, јави дописничката на МИА од Атина.
– Претседателот на државата, господинот Прокопис Павлопулос по средбата со претседателот на Парламентот, господинот Никос Вуцис и соопштувањето од негова страна на распоредот на силите на партиите во Парламентот врз основа на резултатите од изборите на 7 јули, телефонски разговараше со претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис и му го додели мандатот за формирање влада според член 37, параграф 2 од Уставот – соопштуваат од кабинетот на претседателот на Грција.
Кирјакос Мицотакис во 13 часот по локално време ќе положи свечена заклетва во претседателската палата.