Павловски: Дали фирма на сопругот на Царовска добила тендери од кумановската градинка?

910

Дали фирмата на сопругот на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска добила тендери од детска установа во Куманово. Ова прашање, како што пишува порталот Кумановски муабети, го поставил советникот Владимир Павловски до директорката на кумановската градинка „Ангел Шајче“, Марина Алексовска која денеска избегнала да даде одговор.

Советникот Павловски упати прашање дали се потрошени средства за снимање со дрон од фирмата „Флај кем“ ДООЕЛ Скопје, која е во сопственост на сопругот на министерката.

Директорката Алексовска потврди дека биле ангажирани професионалци за снимање на дел од манифестациите на градинката во два наврати, по што биле потрошени по 35.000 денари, но не откри која компанија го сторила тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...