На македонската државна управа и е потребно намалување на бројот на министерства и министри, а не создавање нови, го критикува на Фејсбук професорката и поранешна пратеничка на СДСМ, Ана Павловска Данева предлогот на пратеници од власта за формирање на ново министерство за политички систем наместо Секретаријатот за Рамковен договор.
– На македонската државна управа и е потребно намалување на бројот на министерства и министри, а не создавање нови. Министерство за политички систем- предлог за шеснаесетто министерство во државава! Тажно, напиша Данева.
Формирањето на новото Министерство веќе е ставено на дневен ред на собраниската седница на 14 март, а на комисиска расправа можно е да се најде во среда.
Законот е предлог на пратениците Артан Груби, Џеват Адеми и Ејуп Алими од ДУИ, Зеќир Рамчиловиќ од осумката на ВМРО-ДПМНЕ, Панчо Минов кој излезез од опозициската пратеничка група и Јован Митрески од СДСМ.