Павлески ја напушти Јанева

Адвокатот Стеван Павлески и го откажа полномошното на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која ја застапуваше во случајот „Рекет“.

3055

Адвокатот Стеван Павлески и го откажа полномошното на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која ја застапуваше во случајот „Рекет“.

Поради конфликт на интереси, тој мораше да се одлучи дали ќе ја застапува специјалната јавна обвинителка или обвинетите од СЈО.

Павлески е адвокат и на бизнисменот Цветан Панделевски во предметот на СЈО наречен „Империја“, но кога почна да ја застапува Јанева, вети дека ќе го откаже полномоштвото на Панделевски.

Иако адвокатот тогаш тврдеше дека ќе докаже дека Јанева е жртва, денеска се премислил.

Адвокатот Павлески ја придружуваше Јанева кога таа даваше исказ пред обвинителката Вилма Рускоска, како и на денот кога беше приведена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...