Павлески: Одлуката да не ја бранам Јанева е од лични причини

1227

Стеван Павлески не е човек кој прифаќа и трпи притисоци, одлуката ја донесов од лични причини и ниту е поврзана со судир на интереси, ниту со какви било притисоци, јас никогаш не сум имал притисок од кого било во мојата кариера, вели Стеван Павлески, поранешен државен обвинител и до скоро адвокат на третоосомничената во аферата „Рекет“ обвинителката Катица Јанева, а на прашање на Плусинфо по неговата одлука повеќе да не биде нејзин бранител.

Адокатот Павлески претходно со Јанева се појави на распитот во Обвинителството за организиран криминал, а ја застапуваше и кога ѝ беше определен притвор кај судија на претходна постапка.

Тој е адвокат и на осомничени во предмети за кои истрага водеше специјалното обвинителство додека со него раководеше Јанева, а станува збор за „Империја“ и за „Траекторија“, односно за обвинение против Цветан Панделевски, газдата на „Пелистерка“ и Љупчо Георгиевски. Обвинителката Вилма Рускоска, откако беше приведена Јанева побара од Павлески да реши дали ќе биде нејзин бранител или на осомничените во истрагите што таа ги водеше.

Во јавноста се проширија шпекулации дека Јанева не можела од финансиски причини да си дозволи одбраната во иднина да ја застапува искусниот адвокат Павлески и затоа дошло до негово повлекување.

– На луѓето не можеш да им ги затвориш устите. Се зборуваше дека имало и конфликт на интереси во случајот, што исто така нема допирна точка со вистината. Одлуката да не бидам адвокат на Јанева ја донесов од лични причини и не е коректно од моја страна јавно да зборувам за тоа – вели Павлески.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...