Триесетдневен притвор доби 32-годишниот маж од струмичкото село Муртино, кој е осомничен дека вчера извршил обљуба врз немоќно лице.
„Искористувајќи го претходното познанство со жртвата, триесет и двегодишниот осомничен, вчера во село Муртино, струмичко, околу 10:30 часот ја нападнал оштетената-лице со пречки во развојот и при тоа извршил обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот е веднаш лишен од слобода“, соопшти ЈОРМ.
Надлежен јавен обвинител од ОЈО Струмица донел наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за обљуба на немоќно лице од Кривичниот законик.
„Едновремено, обвинителот ценеше дека се исплонети законските основи, па до Основниот суд Струмица достави предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на осомничениот и со решениe му определи притвор во времетраење од 30 дена“, велат од Обвинителството.