ОЈО Скопје бара притвор за дилер на дрога

269

Основното  јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопшти ОЈО Скопје, вчера при претрес во домот во кој привремено престојувал осомничениот, било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел марихуана спакувана во метална кутија со нето маса од 4,55 грама и хашиш со волумен од осум милилитри во пластичен шприц. Истовремено биле пронајдени и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин, како и шише со остатоци од марихуана.

„Против осомничениот Основното јавно обвинителство – Скопје води и друга кривична постапка во рамките на која тој е веќе обвинет дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во рамки на таа постапка од страна на надлежниот суд му беа определени мерки на претпазливост. Имајќи го особено предвид ваквиот факт, односно можноста осомничениот да го повтори делото, како и опасноста тој да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор“, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...