ОЈО покрена обвинение против градоначалникот на Ново Село и бара да остане во затвор

325

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, и уште четири други лица за делото криумчарење, откако беа фатени како шверцуваат цигари.

„Заедно со обвинението до Основниот суд Струмица доставен е и предлог за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети, со оглед на тоа што јавниот обвинител ценеше дека се исполнети законските услови за нејзино продолжување. Обвинетите се товарат дека на 10 јули 2018 година, заеднички како соизвршители, избегнувајќи ја царинската контрола се занимавале со пренесување на непријавени стоки – цигари од значителна вредност“, соопштија од обвинителството.

Според обвинението, по претходен меѓусебен договор, двајца од обвинетите во селото Ново Коњарево во две теренски возила натовариле 66 картонски кутии во кои имало 32.980 кутии цигари од марката „Калипсо“.  Заедно со уште двајца обвинети со возилата се упатиле по полскиот пат кон ссело Бадилен, продолжиле кон граничниот појас помеѓу Република Македонија и Република Бугарија каде петтиот обвинет кој ги чекал, имал задача да го надгледува теренот за да извести за евентуално присуство на полицијата. При нивното пристигнување во местото Попина Чука, на два километри од границата биле откриени и фатени од полициски службеници.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...