ОЈО го повлече предлогот за притвор за двајца осoмничени

700

Две од десетмината осомничени, кои утринава беа уапсени по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, добија мерки на претпазливост место притвор, информира обвинителството (OJO)

„Во текот на денешниот ден, откако осомничените дадоа искази пред Судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот обвинител кој постапува во предметот за две од осомничените лица го повлече предлогот за определување на мерката притвор и му предложи на судот за овие лица да бидат определени мерки на претпазливост и тоа: одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело“, вели ОЈО.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...