ОЈО Гостивар врши увид на местото каде загина 65-годишна жена

136

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи врши увид на лице место каде денеска околу 13,30 часот се случи сообраќајна несреќа.

Според првичните сознанија, како што соопшти ЈОРМ,  товарно моторно возило удрило во жена на возраст од 65 години, која поминувала на пешачки премин. При тоа на сега починатата и се причинети повреди кои имале смртна последица.

„Јавниот обвинител нареди обезбедување и прибирање на траги од лице место. Наредено е и вршење на сообраќајно техничко вештачење и обдукција на починатото лице. Воедно побарани и обезбедени се видео записи од околните камери. Возачот се наоѓа во полициска станица и се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот“, се наведува во соопштението од ЈОРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...