ОЈО бара притвор за скопјанецот кој дома чувал 300 кг марихуана

251

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против скопјанецот од Бутел во чиј дом беа пронајдени речиси 300 килограми марихуана. Исто така, обвинителството бара судот да му изрече и мерка притвор.

„Сторителот неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во скопската населба Бутел со намера за понатамошна продажба и стекнување на противправна имотна корист. Врз основа на судска наредба на 4 јануари годинава, во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајдена поголема количина дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење  – дигитални ваги со остатоци од растителната материја. По наредба на дежурниот јавен обвинител извршена е анализа и вештачење на растителната материја и утврдено е дека станува збор за наркотична дрога – марихуана, со вкупна тежина од 295,3 килограми“, наведуваат во соопштението од ОЈО.

Скопјанецот се терети за делото неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...